Во Париз кај Триумфалната капија се одржува централната церемонија по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна на која присуствуваат шефови на држави и влади од сите пет континенти на светот.
Предводени од домаќинот, претседателот на Франција Емануел Макрон, претседателите и премиерите од 72 земји дојдоа од Елисејскиот дворец, во кој утрово се собраа, и со автобуси преку авенијата Елисејски полиња (Шанз-Елизе) пристигнаа до Триумфалната капија.
Макрон и неговите колеги потоа заедно прошетаа до Триумфалната капија, каде се одржува свеченоста.
Само американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на руската држава Владимир Путин, посебно пристигнаа на церемонијата.
Прво Трамп со сопругата Меланија пристигна на свеченоста, а на крајот и претседателот на Русија.