Единствена Македонија: Василевски предизвика расправија со Бачев

by fokus

Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори „Македонија-Блокира“, синоќа во рамките на народниот собир во Охрид, делегација на Македонија-Блокира„ на пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов во нивните домови им предаде писма за причините зошто не треба да гласат за уставните промени.

При тоа од „Единствена Македонија“ велат дека со пратеникот Љубен Арнаудов во пријатна атмосфера размениле мислења за актуелната состојба во државата и му предочиле зошто не треба да учествува во носењето на уставни измени. Од Василевски, велат, се разочарани.

„Спротивно на ова, пратеникот Сашо Василевски со наменски провокативни прашања кои беше очигледно дека претходно му ги спремиле во СДСМ, предизвика вербална расправија со претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев. Ваквото поданичко однесување на Василевски и не чуди земајќи предвид дека охриѓани велат дека се работи за превртлив човек кој менува партии од личен интерес, инволвиран во разноразни лајонес и масонски организации, своевремено и во обид за перење пари преку казина во Охрид со Албанци…Изразуваме задоволство од средбата со пратеникот Арнаудов и целосно разочарување од средбата со пратеникот Василевски како човек со изгубено национално чувство“, велат од партијата.

Поврзани новости