Вршителот на должноста државен обвинител на САД Џефри Роузен ги предупреди потенцијалните „домашни терористи кои планираат нови напади, додека Џо Бајден се подготвува да ја преземе претседателската функција“ да не го прават тоа, затоа што одговорот на државата ќе биде соодветен, односно нема да се толерира насилство.
Во видео-снимка објавена утрово, Роузен ја повика јавноста да ги пренесе сите информации за потенцијални напади и други закани пред инаугурацијата на Бајден, појаснувајќи дека безбедносните сили се подготвуваат за можно насилство.
– Сакам да испратам јасна порака до секој што размислува за насилство, закани или други злосторства: нема да имаме толеранција за обидите за нарушување на мирното предавање на власта, вклучително и обиди за заземање владини згради. Нема да има изговори за насилство, вандализам или какво било какво незаконско дело, рече Роузен.