Тие со соопштение до јавнмоста се обратија и до власта, но и до вработените во Државниот испитен центар.
„Барањата на вработените во ДИЦ се целосно оправдани, но државна матура мора да има во веќе предвидениот рок
Потсетуваме дека одржувањето на државната матура е законска обврска и оттука македонската држава е должна истата да ја спроведе во законски предвидениот рок. Правото на штрајк е секако уставно загарантирано, но правото на образование исто е дел од Уставот. Законот за средното образование го смета одржувањето на матурскиот испит на крајот од секоја учебна година за должност на институциите“. пишува во соопштението од Сојузот на средношколци.
Тие апелираат на разумност и сериозност и ги повикуваат надлежните да ја одржат државната матура во предвидените рокови.
„Ако не се одржи државната матура, ќе се создадат огромни проблеми за оваа генерација матуранти кои планираат да студираат. Можното неодржување на државната матура најмногу ќе им наштети на матурантите кои планираат да студираат во странство, а според нашите анализи овој број изнесува околу 12 отсто од секоја една генерација“, велат од Сојузот на средношколци.
Тие потсетуваат на нивниот ангажман во март за соиодветно адаптирање на државната матура во интерес на сите средношколци и апелираат до возрасните да не ја доведуваат во прашање нивната иднина.
„Ги известуваме матурантите и целокупната јавноста дека, според информациите со кои располагаме, најверојатно ќе се успее во напорот првиот екстерен испит да се полага на 27. мај, впрочем како што и е планирано“, соопшти Сојузот на средношколци.