770
Државната изборна комисија се прогласи за ненадлежна да одлучува за изборните измами, кои СДСМ ги објави и достави до комисијата. Ова е одлуката која ја донесе комисијата по повод „бомбите“ за изборни измами кои ги објавува опозицијата.
Државата изборна комисијата исто така, донела одлука да не ги достави материјалите од опозицијата до надлежниот орган, во случајов Јавното обвинителство. Одлуката, како што дознава 24 Вести, била донесена со четири гласа „против“ , двајца „за“ и еден „воздржан“. Од ДИК велат дека образложението за ваквата одлука , било дека СДСМ веќе ги има доставено доказите до Обвинителството.
СДСМ поднесе вкупно 21 кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување,присилба, фалсификување на исправи, противзаконско посредување, повреда на избирачко право, тајност на гласање и злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.