Државна видеолотарија со крводарителска акција

by Fokus

Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија денес во хумана мисија. Во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, реализиравме крводарителна акција.

 Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, реализираше крводарителната акција, со што уште еднаш покажа хуманост на дело, особено сега, додека сите се справуваме со последиците од пандемијата. Согласно сите протоколи, со голема претпазливост и почит спрема мерките за заштита, вработените даруваа крв.

Крводарителната акцијата, веќе е убава хумана традиција, која ја практикуваме двапати годишно како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности.

Екипата на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје не ја криеше благодарноста и задоволството од подарените крвни единици во услови на пандемија.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

 

Поврзани новости