Во време на предизборна трка, пропагандните механизми се вклучија, со цел да ја манипулираат јавноста. Шпекулација е пренесената изјава на двајцата пратеници од опозицијата, реагираат од Државна видеолотарија.
-Државна видеолотарија е трговско друштво со ограничена одговорност, во која државата е застапена со 51% преку Државна Лотарија, а 49% е приватен странски капитал. Компанијата е основана во јули 2014. Ние не сме буџетски корисник. Напротив, ние придонесуваме за раст на приходите на државниот буџет. Во 2019 по основ на данок на добивка, данок на личен доход, посебна давачка од игри на среќа, ДДВ и дивиденда, Државниот буџет од Државна видеолотарија се дополнил со750.966.809,00 денари.
Како општествено одговорно компанија настојуваме да бидеме одговорни кон ранливите категории во нашето општество, но и да придонесеме за унапредување на спортот, образованието и културата. Државна видеолотарија е единствена компанија која развива и применува програма за одговорно играње во земјава.
Врз основа на постигнатите резултати од 2018 година, друштвото Државна видеолотарија, е регистрирана како 23 најуспешна компанија во земјава, која успешно се бори на пазарот на игри на среќа со приватниот сектор.Со цел да можеме да го обезбедиме нормалното работење на нашата компанија, сите набавки, ги реализираме согласно регулативата за јавни набавки.
Набавката која стана дел од пропагандниот наратив на опозицијата пред избори е манипулација. Државна видеолотарија не троши државни пари, ние не сме буџетска институција, објаснуваат од институцијата.
Од таму додаваат дека, јавната набавка е согласно планот за јавни набавки од јануари 2019. Набавката е рамковна за период од 2 години (сукцесивна согласно потребите на друштвото). Целата процедура за набавка е транспарентна и согласно законот. Тендерот првично бил објавен на 14 октомври 2019, но не се јавил ниту еден заинтересиран, поради што целата постапка се повторила. Бирото за јавни набавки изврши управна контрола на постапката која резултираше без суштински забелешки на постапката.
Постапката била повторена на 04.12.2019, а во текот на оваа постапка повторно била извршена управна контрола на бирото за јавни набавки, од која и во овој случај немаше забелешки. На оваа постапка, пристигна само една понуда која ги задоволуваше бараните критериуми, по што е потпишана рамковната спогодба за реализација на јавната набавка.
-Потенцираме дека спогодбата се однесува на временскиот период од две години, во кој сукцесивно ќе вршиме набавка согласно потреби на работењето на компанијата. Ова значи дека нема веднаш да бидат набавени 1500 апарати, туку ќе се набавуваат апарати согласно потребите на друштвото за нормално функционирање на истото, додаваат од Лотарија.