Државата во првото полугодие од патарини собрала 900.000 евра повеќе отколку лани

by Фокус

Јавното претпријатие за државни патишта во првото полугодие од 2018 година остварило зголемен приход од патарини за 55 милиони денари или 5,3 проценти повеќе во споредба со истиот период од 2017 година, поради, како што рече директорот на државното претпријатие Зоран Китанов, зголемениот интензитет на сообраќајот и подобрата организираност на патарините.

– За десетина дена очекувам да почне да функционира електронската наплата на патарините и тоа во прво време на Коридорот 10. Во моментов подготвени се патарините кај Романовце, Сопот и Отовица. Се прават напори и за патарината кај Кавадарци, но со надградување на постоечкиот софтвер. Од септември ќе се работи и на патарините на Коридорот 8 – рече Китанов.

Тој информира и дека ЈП за државни патишта во вториот квартал од годинава, пак, има остварено инвестиции во вкупен износ од околу 2,2 милиони денари, односно 36 милиони евра што е за 9,8 милиони евра повеќе во споредба со истиот период лани, односно зголемувањето е за 37 проценти.

Поврзани новости