Комплексот „Македонско село“ се уште не е отворен, иако требаше да почне со работа пред три години, бидејќи државата не може да најде концесеионер. Министерството за екононија сега распиша нов конкурс за менаџирање и стопанисување со комплексот лоциран во скопската населба Нерези.
Во овој конкурс е предвидено концесионерот 20 години да управува со „Македонско село“, а за тоа ќе треба на држвата да и уплаќа по 2.000 евра месечно. Заинтересираните своите понуди може да ги достават до седми декември.
Изградбата на ова етно село ја чинеше државата вкупно 6,7 милиони евра. Комплексот е на површина од 12.194 метри квадратни, а во него се наоѓаат 12 автентични куќи од различни региони на Македонија, како и други придружни содржини, меѓу кои и ресторан и музеј.