Влада: Груевски нема да присуствува на средбата со Јункер поради Обединети Арапски Емирати

by Фокус

Владата демантира дека на барање на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, поканата за состанокот за бегалската криза од име на премиерот Груевски е сменета на име на претседателот Иванов. Како што тврдат од Владата, наместо Груевски на средбата ќе оди Иванов, поради тоа што премиерот веќе имал договорена посета на Обединетите Арапски Емирати.

-Во интерес на вистината и објективното известување, сакаме да ве информираме дека премиерот Никола Груевски нема да биде во можност да присуствува на средбата која во недела ја организира претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, од причина затоа што во предвидениот термин, премиерот ќе престојува во претходно договорена и организирана посета на Обединетите Арапски Емирати, каде што ќе има средби со високи претставници од политичкиот и економскиот живот, се вели во демантот на Владата.

Според неа, на средбата со Јункер во недела, по претходен договор меѓу македонските институции, ќе присуствува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

-Дополнителен демант за неточната и невистинита теза објавена на ТВ Телма е фактот што денеска и утре премиерот Груевски, присуствува и учествува во работата на Конгресот на Европската народна партија од позиција на која на истиот конгрес присуствуваат германската канцеларка Меркел, шпанскиот премиер Рахој, унгарскиот премиер Орбаn, а на кој конгрес присуствува и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, уверуваат од Владата.

Поврзани новости