Покрај лошиот стандард и немањето систем на владеење на правото, токму катастрофалните образование, здравство и земјоделство, се причина народот масовно да се иселува.
Пишува: Александар НИКОЛОСКИ
Трите основни столба на благостојбата во секоја држава се – образование, здравство и земјоделство. Ако го видиме примерот Македонија, слободно може да заклучиме дека државата колабира!
Во сите три сектори. Ова е една од основните причини зашто луѓето се револитрани и решаваат да ја напуштат Македонија!
Покрај лошиот економски стандард и немањето функционален систем на владеење на правото, токму образованието, здравството и земјоделството и катастрофата што во нив се случува се причина народот масовно да се иселува.
Еве три примери:
Образование, вестите звучат како од 19ти век – Дел од учениците повторно ќе останат без учебници, поради неажурноста на институциите.
Последниот пример со учебникот по македонски јазик, кој учениците го добија пред крајот на учебната година, најверојатно ќе се повтори и од септември, зашто според новата програма, летово треба да се изработат учебници за трето и шесто одделение.
За овие учебници, како што се правда министерот за образование, имало автори, а по изработката имало и рокови за жалби и за исправки.
УЧЕНИЦИ БЕЗ УЧЕБНИЦИ
Но, се надева дека овој 1 септември ќе бил подобар од сите досегашни. Реално немаме пари за учебници по сите предмети во средното образование, вели министерот за образование Јетон Шаќири.
Тој додаде дека главна причина за доцнењето на учебниците биле воведените реформи и дека само одделенија кои учат по нова програма имаат проблеми со учебниците, додека кај другите ученици иако со задоцнување, тие сепак се доделени.
Шаќири вели дека ќе вложи максимални напори да не се повтори повторно учениците да останат без учебници.
Според податокот кој сега го имам, не верувам дека целосно можеме да го затвориме стручното образование со учебници зашто се работи за многу предмети. Реално, за средното образование немаме за сите предмети.
Здравство – не се разрешуваат т.н. економски директори – кои се познати во фелата како „директор 10%“ заради криминалот и корупцијата со кои го уништуваат здравството, туку се уништуваат малкуте вредни и добри доктори кои останаа во државното здравство.
Земјоделие – Изминатите денови објавивме скандал кој што се однесува на увоз на зеленчук од Албанија.
ЗАГАДЕН ЗЕЛЕНЧУК
Кој што е загаден со пестициди, тешки метали. Она што не изненадува е тоа што наместо власта да признае за овој голем пропуст се обидува со бледи соопштенија да го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е креатор на лажни вести. Меѓутоа аргументите и фактите се на наша страна.
Земјоделците изминатите 6 години се соочуваат со доцнење односно неисплаќање на субвенциите, злоупотреба на партиска основа, пропусти во делот на водоснабдување на земјоделските површини, злоупотреба на земјоделското земјиште и најгорливиот проблем откуп и пласман на земјоделските производи.
Земјоделските производи завршуваа на буниште, односно земјоделците не можеа да го продадат својот род и беа доведени до ситуација да се соочат со проблеми на егзистенцијата. И тука се сите, лозарите, тутунарите, оризопроизводителите, сточарите, млекарите. Така што нема гранка што не е уназадена.
Ова се состојбите во образованието, здравството и земјоделството. Темелни реформи и мотивирани луѓе за промени се потребни за ова да станат само лоши вести од некое минато време.
Промените доаѓаат!
(Авторот е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ)