Македонија дала многу повеќе пари за привлекување и субвенционирање на странските инвеститори, отколку што тие потрошиле за плати за вработените.
Од 2007 до 2015 година се потрошени 159 милиони евра за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции, а во тој период тие исплатиле плати во вредност од 92,1 милиони евра, покажува истражувањето на Институтот за општествени и хуманистички науки.
Во истиот перод странските инвеститори направиле милионски добивки од вкупно 235 милион евра, што е два и пол пати повеќе од сумата што била исплатена за плати.
-Ако државата директно им ги дава овие пари на вработените, тие би оствариле скоро двојна повисока плата од просечната. Или парите на македонските даночно обврзници завршуваат како добивка на странските фирми- посочува Бранимир Јовановиќ, економски аналитичар.
Истражувањето покажува дека еден вработен во странските компании, всушност, ја чини државата 12 600 евра, додека просечната плата на работниците е 261 евро.
Во истражувањето се препорачува да се прекине со политиките за издвојување огромни државни средства за привлекување странски инвестиции, да се промени законот за поголема заштита на работниците и работничките права и да се обезбеди поголема социјална сигурност.