385
Од 19 часот студенти со поддршка од граѓани почнаа да се собираат пред канцелариите на СПУКМ кај студентскиот дом Кузман Јосифовски-Питу за да го изразат револтот од вчерашните случувања кога студентите насила беа исфрлени од просториите на СПУКМ од страна на ЕБР.
Огромен број на полиција е распореден пред канцелариите на Студентскиот парламент, а граѓаните се пред канцелариите и во дворот на студентскиот дом. Тие извикуваат „Дражава полициска“ и „Стоп за полициската бруталност“.
Од Студентскиот пленум бараат ректорот да си поднесе оставка, а УКИМ да не ги признае изборите и веднаш да го осуди насилството врз студентите. Бараат и да ги исклучи студентите што ги лажирале изборите.