Се уште се истражува тоа како се случило убиството на ракометарот Денис Тот минатата седмица, а А1 он направи хронологија на настаните пред дискотеката „Привилиџ“.
Според нив, Тот заедно со осомничените излегол надвор од дискотеката по три часа забава, а претходно немало знаци дека ќе се случи трагедија. Информациите на овој медиум говорат дека место во такси е причината за тепачката.
Клементина пред да влезат во таксито, разговара со него без знаци дека за неколку секунди ќе го нападне. Прво на задното седиште во такси-возилото е седнато единственото момче кое подоцна го штити Тот од удари.
По него влегува Анџело заедно со Клементина. Тие му прават место и на убиениот Тот, кој како четврти патник седнува на задното седиште. Во тој момент уште едно момче од друштвото ја гаси цигарата и отвора врата за да седне како петти патник на задното седиште во таксито на спротивната страна од Тот. Бидејќи нема место за него, Андреј, кој е седнат на совозачкото седиште, излегува од таксито, ја кружи колата и го вади надвор Тот.
Ракометарот разговара со Анџело и Клементина додека излегува. По неколку секунди, кога Андреј се повлекува за одново да влезе во таксито, Клементина излегува и го напаѓа Тот. Тој ѝ ги задржува рацете за да не го удри, по што излегува и Анџело.
Тот и Клементина ги раздвојува Анџело, кој му удира бокс на Тот. Ракометарот губи рамнотежа, но Анџело го удира и вторпат. Додека Тот паѓа, Анџело замавнува и третпат, но го промашува. Тот паѓа на земја. Третоосомничениот Андреј прв го шутира, па по него и Клементина.
Целиот текст можете да го прочитате на овој ЛИНК