Возач заврши со скршеници на двете нозе, раката и градниот кош по судир со автобус

by fokus

Сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Волксваген Каравеле“ со кичевски регистарски ознаки и автобус „Сетра С315“ со прилепски регистарски ознаки се случила вчера околу 08,30 часот на регионалниот пат Македонски Брод–Кичево, на место викано „Ижички Анови“. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил шоферот на автомобилот.

49-годишниот С.З. од Тетово завршил со скршеница на двете нозе, десна рака и граден кош. Веднаш по судирот со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Јавна здравствена установа Македонски Брод од каде е препратен во Јавна здравствена установа Прилеп. Поради сериозноста на повредите од таму е препратен во Ургентен центар Скопје на понатамошно лекување.

Со автобусот управувал 53-годишниот Р.Д. од прилепското село Дебреште. Од полицијата велат дека е извршен увид на местото на настанот и се работи на утврдување на причините за несреќата.

Поврзани новости