МВР: Лична карта денеска им се издава само на оние кои ја изгубиле или оштетиле

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека сите оделенија за управни работи ќе работат и денеска со цел да им се пружи услуга на граѓаните за да го остварат своето право на глас во вториот круг од локалните избори.

Претходно од канцеларијата на народниот правобранител изјавија дека издавањето на лични карти денеска е апсурд затоа што со нив не може да се гласа од причина што избирачкиот список е заклучен на 9-ти септември. Од МВР на тоа велат дека службите на Министерството работат за да им се издава лична карта на оние граѓани кои ја изгубиле, им е оштетена или украдена.

„Избирачкиот список е заклучен на почетокот на септември и од тогаш во периодот од скоро два месеци до денеска има граѓани кои ја изгубиле или оштетиле личната карта или пак личната карта им е украдена, а ги има на избирачкиот список и сакаат да го остварат своето право на глас. Токму за да им се овозможи на овие лица да извадат нова лична карта и да го остварат своето право на глас, службите на МВР работат и денеска“, појаснуваат од таму.

Поврзани новости