„Дрекселмаер“ не планира да си замине, иритираат муабетите рекла-казала, велат од Делегацијата на германското стопанство

by fokus

Одговорајќи на новинарско прашање дали „Дрекселмаер“ планира да си замине од земјава, директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс беше категоричен и повторно рече дека тоа се муабети рекла – казала.

-Не би можел да си замислам такво нешто. „Дрекселмаер“ е активна членка на проектот за дуалистично стручно образование. Се наоѓаме во мала држава каде имаме многу рекла-казала муабети и ова иритира. Имаме ситуација каде било што што ќе се каже лесно се распостранува. Не знам за такво нешто. Не можам ни да замислам дека ќе дојде до такво нешто – рече Мартенс.

Инаку, германските бизнисмени со нула ја оцениле македонската влада на последната анкета за деловната клима во земјава, спроведена во февруари годинава. Тие ја критикуваат владата затоа што изминатиов период била сконцентрирана кон надворешната политика и го изгубила фокусот во економијата. Од друга страна највисоки оценки дале за работната сила, која била подготвена да работи и да ја подобри продуктивноста.

Поврзани новости