Синот на Стојчевска не ги исполнувал условите за да биде вработен во ЕЛЕМ, утврдила Антикорупциска

by fokus

Комисијата за спречување на корупција утврдила неправилност при вработувањето на синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска кој е вработен во ЕЛЕМ, пренесе ТВ24.

Според извори на телевизијата, синот на Стојчевска не ги исполнил условите што биле предвидени со конкурсот за вработување.

Неправилности имало и кај дел од вработувањата на другите роднини на функционери. Според најавата, овие предмети треба да бидат целосно завршени следната недела.

Поврзани новости