Драматична состојба во старските домови во Англија, илјадници починати

by Frosina Fakova

Повеќе од 6.000 лица починаа од новиот корона вирус во домовите за стари и изнемоштени лица во Англија за три недели, а таквата „драматична ситуација“ и понатаму се влошува иако епидемијата во Обединетото Кралство почнува полека да се намалува, соопшти Заводот за национална статистика.

Вкупно 6.391 смртен случај, поврзан со новиот корона вирус, е потврден во домовите за стари и изнемоштени лица од 10 април до 1 мај, од кои 2.044 се регистрирани во последната недела од минатиот месец, покажуваат податоците кои се однесуваат само за Англија.

– Бројот на починати во земјата на дневна основа полека се намалува, што охрабрува, истакна Ник Стрип, аналитичар од Заводот за статистика, додавајќи дека болниците бележат околу 75 отсто повеќе починати од вообичаеното за овој период од годината.

Поврзани новости