626
Двајца вработени во Одделението за обезбедување на објекти на Град Скопје тврдат дека добиле отказно решение од секретарот на Градот, Зоран Глигоров, од за нив непозната причина.
Од друга страна. од Градот Скопје наведуваат дека станува збор за санкционирање на вработени, кои го кршеле работниот ред и дисциплина и извршиле тешки повреди на работниот процес.
Како што додаваат оттаму, еден од вработените физички и вербално го нападнал секретарот на Град Скопје и токму поради тоа е отстранет од работното место.
Според градските власти, за лицето кое учествувало во инцидентот има казнена евиденција и кривично досие и во повеќе наврати е пријавуван за извршени кривични дела, како фалсификување на исправа, затајување и тешка кражба.