Во текот на вчерашниот ден се случувала драма во близина на Трговскиот центар „Три Бисери“. Лице со дете во количка побарало такси, но откако им кажал дека не е слободен, лицето почнало да удира по колата и да го навредува таксистот. После тоа, возачот излегол од возилото и физички се пресметал со лицето.
„На 18.10.2018 година во 10,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје З.Б.(63) од Скопје пријавил дека на булеварот “Јане Сандански“ во близина на Трговскиот центар “Три Бисери“ додека управувал такси возило забележал како едно лице, кое било со количка во која имало мало дете му дало знак да застане, но тој му кажал дека не е слободен. Во тој момент лицето почнало да го навредува и да удира по автомобилот. З.Б. излегол од возилото и лицето физички го нападнало. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.