476
Писателот и преведувач Драги Михајловски, новинарот Ристо Лазаров и актерот Петар Арсовски се овогодинешни добитници на државната награда „11 Октомври“ во 2018 година, за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.
Награда за животно дело во областа на здравството му се доделува на хирургот-уролог Александар Ставридис.
За добитниците одлучува Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври”, на чело со претседателот Драги Ѓоргиев. Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври, во Собранието на Република Македонија.