ДПМНЕ со исто соопштение: Се повидлив стравот во СДСМ од пораз на изборите

by Фокус 18:22
18:22

-Денес Манчевски сакаше да го покрие стравот на СДСМ од избори. За тоа кој сака а кој одбегнува да се соочи со граѓаните најдобро сведочи волјата и подготвеноста на субјектите да се договорат околу изборните правила, а СДСМ досега не демонстрираше таква подготвеност давајќи небулозни и нерационални предлози за кој јавноста досега беше информира, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод денешната изјава на Дамјан Манчевски.

Од владејачката партија го повторија она што го кажаа и во вчерашното соопштение дека СДСМ си креира алиби за неуспешни разговори, и да одбегне одговорност за нивните „нерационални предлози“.

- Advertising -

-Се повидлива е нервозата и стравот што во СДСМ владее од пораз на изборите. Како се ближи април СДСМ се повеќе ќе бара изговори, и ќе заговара решенија со кој ќе сака да ја покрие слабата поддршка од граѓаните, стои и во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости