ДПА во ДИК гласа сама против себе

by Фокус

Претставникот на ДПА Бедредин Ибраими вчера гласаше „за“ заклучокот на Државната изборна комисија дека има услови за избори на 5 јуни.

Но спротивно од него, пратеникот од редовите на ДПА, Имер Алиу на својот фејсбук профил напиша:

„Не се исполнети услови за веродостојни избори поради избирачкиот список. Исто така спорни се и изборните единици кои во сегашната ситуација не се еднакви по број на избирачи во нив, со што Албанците губата  5 до 6 пратеници“.

Вчера во ДИК со 6 гласа за беше донесена одлука дека се исполнеити услови за одење на избори на 5 јуни. На гласањето не присуствуваат претседателот на ДИК и челновите од редот на СДСМ.

 

 

Поврзани новости