606
Опозициската ДПА остро ја критикува владејачката ДУИ затоа што владата во која учествува вчера се договори со Србија за отворање на заеднички амбасади, со цел заштеда на средства.
– На денот кога албанската држава го отвори своето прво заедничко дипломатско претставништво со Косово, и владата на Македонија потпишаа сличен договор, но со Србија. Како резултат на потчинетата политика на ДУИ во владата, Албанците од Македонија, освен што се соочуваат со Србите по улиците, каде српските полицајци патролираат како резултат на уште еден договор што беше потпишан од страна на оваа влада, сега ќе мора да се соочат со нив и во дипломатските претставништва – рече Садије Иљази од ДПА.