544
Централното собрание на ДПА денеска одржа седница на која беше потврдено учеството на партијата на претстојните парламентарни избори на 24 април. Освен оваа одлука, ДПА избра и претседател на изборниот штаб, а тоа ќе биде Азим Садики кој ја врши функцијата секретар на партијата.
Според ДПА, комесарот Хан и меѓународниот фактор дале цврсти гаранции дека изборите ќе бидат прифатени само ако се фер и демократски.
-Како аргумент дека ќе излеземе на изборите и нема да ги бојкотираме, е тоа што тие што преферираат бојкот на овие избори, од друга страна подготвија десетина мали партии кои што се така наречени „албански“ и се подготвени да ги извадат, ако ние одлучиме да ги бојкотираме изборите, изјави Азем Садики.