Работната група во застој, нема средби за Избирачкиот список и медиумите

by Фокус 13:48
13:48

Веќе два дена по ред, завчера и вчера, работната група за спроведување на Договорот од Пржино не се состанува за да донесе решенија за прочистување на Избирачкиот список и за регулацијата на медиумите. Работата на работната група која работи под медијаторство на белгискиот посредник Питер Ванхојте е во застој.

Неофицијално, на последната средба која се случи во четвртокот  партиите постигнале начелна согласност паралелно да се преговара и за Избирачкиот список и за медиумите, но сега нема информации зошто преговорите се прекинати.

- Advertisements -

Државната изборна комисија пак, чека предлог од работната група за методологијата за прочистување на Избирачкиот список, додека тоа да се случи прави подготовки со кои би ја забрзала својата работа откако ќе биде одобрена методологијата.

Поврзани новости