Во Демократската партија на Албанците (ДПА) сметаат дека треба да се свика Собранието и дека ќе ја поддржат таквата иницијатива. Освен тоа, претседателот на партијата Мендух Тачи рече дека е време сите парламентарни партии да бидат дел од широка коалиција за Влада.
-Ние сме парламентарна демократија. Собранието ја контролира извршната власт. Ако во одредени моменти како што сега се наоѓаме, имаме вонредна ситуација, постои огромна опасност Владата да дејствува без парламентарна контрола. Тоа веќе неколку пати најавуваме на конференции за печат оти така веќе делува ДУИ кои имаат очигледно за малку еден отсто апсолутна власт кај Албанците. Мислиме дека на првата седница на Собранието ќе треба да се дискутира за Влада на национално единство во која ќе учествуваат сите парламентарни партии. Постои време за битки, постои време и за мир. Ова е време за мир и за соединување. Ќе дојде време кога ќе има можност за битки, политички и тоа е во ред и тоа е демократија, истакна Тачи на денешната прес конференција.
Тој рече дека се сложуваат Беса и Алијанса за Албанците да бидат во таа Влада затоа што тие се парламентарни партии.
-Ние ја поддржуваме оваа иницијатива и ако треба во наредните денови ќе ја конкретизираме со директни предлози. Добро е што кај Македонците сите релевантни парламентарни политички партии што се околу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се во коалиција Влада. Кај Албанците не е така затоа што остануваат две парламентарни партии вон Влада и мислам дека тоа треба брзо да се поправи, рече тој.
Според него, парламентот треба да функционира, па така да биде коректор на извршната власт со Влада на национално единство.
-Нема добра Влада на која ќе им овозможите да немаат парламентарна контрола кои ако не денес, утре нема да ги газат човековите права, правилата и.т.н. Законодавецот кога ги пишувал уставни начела, законските начела, за вонредни ситуации бил многу претпазлив, затоа не рекол, шест месеци или две години вонредна ситуација туку 30 дена. После 30 дена, пак, парламентарна контрола. Значи парламентот треба да ја контролира ситуацијата, истакна претседателот на ДПА.