-Ситуацијата создадена по поплавите во Тетово и околните села е алармантна, особено поради тоа што ДУИ како структура која ги претставува Aлбанците, е корумпирана и неспособна за да им помогне на погодените жители и подрачја, изјави денеска портпаролот на ДПА, Луан Треси.
Тој додаде дека ДУИ и целата Влада се однесуваат како невладини организации и бараат придонеси од граѓаните и бизнисмените, на место според нивниот мандат и со буџетските средства да се погрижат за погодените жители.
-Огромната корумпираност на ДУИ која како последица го има не инвестирањето во населените места со Албанци, доведе до ситуација да речното корито на Пена не е прочистено со години, фрлањето на отпад покрај коритото на реката од страна на општинските претпријатија, немањето на инвестиции во инфраструктурата и одводната мрежа, придонесоа ова катастрофа да заземе ваков размер, и многу повеке од природна непогода ова е политичка непогода со име ДУИ, рече портпаролот на ДПА.