Одбележана 14-годишнина од Карпалак

by Фокус

Пред споменикот на десетте загинати воени резервисти на Карпалак во прилепскиот гарнизон „Мирче Ацев“ денеска се одбележа 14-годишнината од загинувањето на македонските бранители, кои загинаа во 2001 година кај месноста Карпалак, на патот Скопје-Тетово, кога конвојот на АРМ беше нападнат од заседа.

Во спомен на прилепски бранители, цвеќе положија и се поклонија нивните најблиски, пријателите, соборците, претставниците на АРМ, на локалната самоуправа, на институциите, партиите и граѓаните.

– Тие го дадоа нивното утре за ние да го живееме нашето денес – рече меѓу другото во своето обраќање пред присутните потполковник Ѓорѓи Василевски.

Поврзани новости