687
Иако сме многу блиску до одлуката да не се враќаме во Парламентот, ќе ни биде потребно дополнително време за внатрепартиски консултации и консултации со меѓународниот фактор, пред да донесеме конечна одлука.
Ова го изјави лидерот на ДПА по вчерашната седница на партиското централно претседателство, посветено на собранискиот инциндент, во чии рамки физички се пресметаа пратеници на двете најголеми албански партии.
Според Тачи, вината за тоа е целосно кај ДУИ.
– Речникот и пцостите на пратениците на ДУИ немаат ништо заедничко со албанската традиција и култура. Кога некој нормален човек така без повод ќе биде навредуван и пцуен, ќе реагира како што реагираа нашите пратеници – истакна тој.