Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, со тоа што на одредени места има влажни коловози. Како што велат од АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, пак, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ЈП Македонија Пат известува дека поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Маврово-Дебар кај сео Јанче ќе има времена измена на режим на сообраќајот. Сообраќајот ќе се одвива по една лента за време на изведувањето на градежните работи. На самото место сообраќајот ќе биде регулиран од вработените и исто така ќе биде поставена соодветна сигнализација за работа на пат.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.