Дожд и грмежи во повеќе делови на Македонија

by fokus

Невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер зафати поголем од Македонија, информира УХМР.

И во Скопје попладнево е нестабилно со пороен дожд и грмежи. Делови од котлината ги зафати краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до вторник ќе се задржи променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално, ќе има невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Поврзани новости