ДИК избра компанија за набавка на фингерпринтови

by fokus

Државната изборна комисија денеска изврши избор на компанијата што треба да го набави интегрираниот систем за биометриска индентификација на гласачите.

Како што објави МИА, повеќе информации во врска со набавката на овој систем и подготовките за локалните избори ДИК ќе соопшти во текот на утрешниот ден.

Инаку, на повторениот тендер за набавка на интергрираниот систем се пријавија четири компании.

Претходно, претседателот на Комисијата Александар Даштевски изјави дека системот и терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти ќе бидат навреме набавени за локалните избори.

Идентитетот на гласачите на локалните избори за првпат ќе се проверува со терминали за отпечатоци од прсти, што беше предвидено со последните измени на Изборниот законик.

Поврзани новости