Доцнеше спроведувањето на Јанакиески и Божиновски од затвор, судот му одреди нов притвор на Груевски

by fokus

Поради задоцнето спроведување на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, доцнеше и денешеното рочиште за судскиот процес „Титаник“, информираат од здружението Зелена лупа.

Затворската полиција ги спроведе обвинетите екс функционери на ВМРО-ДПМНЕ, со задонување од речиси еден час.

Судот одлучи и по барањето за притвор на екс премиерот, Никола Груевски, кој е во бегство. СЈО побарало притвор за Груевски и за овој предмет. Со тоа што Собранието одлучи да му биде одземен имунитетот на Груевски, судот одлучи да му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

 

Поврзани новости