Доставувач повреден во сообраќајка со мотоцикл во центарот на Скопје

by irena 15:03
15:03

Сообраќајна незгода се случи денеска на булеварот „Св. Кирил и Методиј“, во близина на зградата на поранешна „Нова Македонија“ во центарот на Скопје.

Според првичните информации, во несреќата е повреден доставувач кој се движел со мотоцикл.

На местото на сообраќајката можеше да се забележи оштетениот мотоцикл, а полицијата го обезбедуваше просторот и го регулираше сообраќајот.

 

 

Слични вести