Досегашниот пратеник Костадин Костадинов е нов градоначалник на Струмица

by fokus

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Костадин Костадинов прогласи победа во првиот изборен круг на локалните избори во Струмица.

Тој пред граѓаните кажа дека според податоците на партијата, победил со разлика од 4.000 гласа. Костадинов порача дека ќе биде градоначалник на сите и дека од утре го чека многу работа.

-Ќе бидеме градоначалници и советници на сите. Нашите врати ќе им бидат отворени на сите. Оваа огромна поддршка значи и огромна одговорност. Да сте ми живи и здрави. Ова е важна победа за Струмица, но и за цела држава. Го знаеме и го нудиме најдоброто, и кадровски и програмски. А од утре не чека работа. Да ја прославиме оваа огромна победата. И за СДСМ и за ВМРО, но и за оние неопределените. Оваа голема победа е за Струмица. Ова ќе биде уште поубаво и помодерно место за живеење. Да ни е вечна победата, рече Костадинов.

Во Струмица имаше вкупно тројца кандидати за градоначалници.

Поврзани новости