Левица подобра од СДСМ во неколку скопски општини

by Fokus

На неколку избирачки места во скопските општини Левица води пред владејачката СДСМ. Ова вечерва го истакна Амар Мециновиќ, портпарол на Левица и информираше за советничките места кои ги освоиле на овие локални избори.

„Во Аеродром на секое избирачко место имаме помеѓу 50 и 120 гласа. На општинско ниво се движиме над 12 отсто. За Кисела вода сме подобри од СДСМ на многу избирачки места. Во Ѓорче Петров се подобри од СДСМ на неколку избирачки места. Во Центар има сигурни четири советници. Во Карпош претендираме кон четврт советник. Во Гази Баба имаме еден сигурен советник, претенридаме кон втор. Во Велес имаме три сигурни советници“, рече Мециновиќ.

Поврзани новости