699
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека околу 1.300 украински војници се убиени за 17-дневната руска инвазија врз Украина.
Претходно, високиот комесаријат на Обединети нации за човекови права (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 579 загинале во Украина, а над 1.000 се повредени.
Според податоците на ОХЦХР за време на руската инвазија врз Украина загинале 42 деца, а 54 се повредени.
Додека Канцеларијата на главниот украински обвинител денеска соопшти дека од почетокот на рускиот напад врз Украина загинале најмалку 79 деца.
Поголемиот број деца жртви се од регионот на Киев, Харков, Доњецк, Суми, Херсон и Житорим.