Најмалку шест бомбардери истрелале ракети воздух-земја против цели во западна Украина

by fokus

Украинските власти тврдат дека руската авијација со ракети воздух-земја ги нападнала целите во западна Украина.

Најмалку шест бомбардери Ту-95 истрелале ракети воздух-земја против цели во Луцк и во Ивано-Франковск.

Во Луцк, како што јавија дел од украинските медиуми, била погодена фабрика за поправка на мотори на борбени авиони, а нападнат е и централниот украински град Днипро.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека извршиле околу 10 мисии со борбени авиони МиГ-29 и Су-27, вклучително и напад врз непријателски авиони.

Според украинските власти при синоќешниот руски воздушен напад врз воениот аеродром во Василков, јужно од Киев, биле погодени складиште за муниција и складиште за гориво. При нападот целосно е уништен аеродромот.

Поврзани новости