Досега се аплицирани 189.842 дози вакцини, а ревакцинирани се 26.415 граѓани

by fokus

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информира министерот за здравство Венко Филипче.
Тој вели дека вкупно досега се аплицирани 189.842 дози вакцини, а ревакцинирани се 26.415 граѓани.

-Вчера вкупно се вакцинирале 13.482 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.719 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 346.431 граѓани. Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, вели Филипче.

Поврзани новости