Досега над 1.200 загинати во земјотресот во Турција и Сирија

by fokus

Повеќе од 1.200 луѓе загинаа во Турција и Сирија по силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што рано утринава ја погоди Турција.

Најмалку 912 лица загинаа во Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телевизиско обраќање.

Во Сирија, најмалку 386 лица загинаа, главно во регионите на Алепо, Хама, Латакија и Тартус, објави претходно сириската државна телевизија. Групата „Бели шлемови“, официјално позната како Сириска цивилна одбрана, исто така објави најмалку 147 смртни случаи во областите контролирани од опозицијата во северозападна Сирија.

Спасувачките тимови во Турција спасија над 2.400 луѓе од под урнатините на зградите срамнети со земја од земјотресот, рече Ердоган.

Поврзани новости