Само 9 деца во целата земја кои посетувале градинка од отворањето на градинките на 9 септември биле позитивни на коронавирусот, со лесна симптоматологија, а 4 се веќе оздравени, информира министерот Венко Филипче.
-Вирус е регистриран кај само 13 вработени од 311 објекти во земјата.
Епидемиолошките анкети на случаите во градинките укажуваат дека главно станува збор за пренос на инфекција надвор од установите. Ова покажува дека дека доследното почитување на протоколите во рамките на установата значи безбеден воспитно-згрижувачки процес за сите, вели министерот Филипче.
Тој додаде дека денеска, со градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, ја посетиле градинката „Буба Мара“ во населбата Аеродром каде разговарале со директорката и вработените како се одвива воспитно згружувачкиот процес со спроведување на протоколите.