Досега 870 граѓани по втор пат се заразиле од Ковид-19

by fokus

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираат дека во изминатата недела 49 граѓани по втор пат се заразиле од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени по втор пат се искачи на 870 граѓани.

-Регистрирани се и 49 реинфекции. Заклучно со 21 ноември вкупно се пријавени 870 реинфекции, што е 0,4 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 212.375 лица, велат од ИЈЗ.

Активни на Ковид-19 се 8.290 лица, хоспитализирани се 495, од кои 330 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Поврзани новости