– Станува збор за технички грешки кои не се од страната на УЈП, туку од страната на фирмите и очекуваме дека ќе се надминат, рече Лукаревска, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата за повратот на персоналниот данок за земјоделците.

За октомври и ноември висината на средствата кои треба да ги добијат компаниите е 58 милиони денари, а за декември ќе се знае до крајот на годината.

Владата донесе Закон за субвенционирање придонеси за покачување плати на вработените од 600 до 6.000 денари.