431
Во Центарот за управување со кризи досега околу 500 граѓани пријавиле оштетување кои настанале поради серијата земјотреси кои од неделата го тресат Скопје.
Најмногу од пријавите се однесуваат на оштетени покриви, фасади, скршени прозорци, паднати плафони и оштетени возила.
Како што информираат од Центарот, штетите на објектите може да се пријават на бесплатниот телефонски број за итни повици 195. Но, отаму апелираат, доколку граѓаните не не можат да добијат слободна линија, на mail@cuk.gov.mk да испратат податоци, име, презиме, телефонски број за контакт, точна адреса и краток опис на штетата предизвикана од земјотресот.