Членовите на Левица се уште не смеат да ја напуштат државата, иако мерката им е укината

by fokus

Членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски се уште не смеат да ја напуштат државата, иако Кривичниот суд им ја укина оваа мерка уште пред два месеци и им ги врати пасошите.

-Сакам да нагласам дека иако судот на претходното рочиште нас ни ја укина мерката за забрана за излез од државата, полицијата користи бирокрaтски механизми, цели два месеци да не ја трга забраната за излез од државата за мене и колегата Куновски. Тоа го сметам за изживување, но нека не берат гајле, нас не можат така лесно да не скршат. Режимот кој е осомничен за сторен крупен криминал и крадење на народните пари шетаат слободно, борците против криминалот, режимот води постапки против нив, изјави Здравко Савески.

Денешното рочиште беше одложено, бидејќи Судот ги нема добиено сите прекршочни постапки кои се водат од целиот настан. Членовите на Левица се товарат за демолирање на Канцеларијата на Иванов за време на протестите против аболицијата.

Поврзани новости