Дополнително ќе се утврди термин за интерпелацијата на Спасовски

by fokus

Расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски поднесена од пратениците од опозицијата ќе биде закажана дополнително во координација со министерот и координаторите на пратеничките групи, најави претседателот на Собранието Талат Џафери на денешното продолжение на 86. седница.

Интерпелацијата на Спасовски е единствената преостаната точка од дневниот ред на седницата, откако беа изгласани измени и дополнувања на законите за субвенционирање на станбен кредит за користење и располагање со стварите во државна и во општинска сопственост и за данокот на додадена вредност, сите по скратена постапка.

Поврзани новости