Дописниците се третираат како новинари од втор ред

by Фокус

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикува колегите новинари од утре во текот на идната недела да носат машнички во боите на ССНМ со што ќе покажат солидарност кон дописниците кои во македонските медиуми, според синдикалците, се третирани како новинари од втор ред.

Banner300x250SolidarnostW

„Знаеме и не се согласуваме што нашите колеги кои со години работат без какви било обезбедени технички средства, без ограничено работно време, без слободни денови и со најнизок платен труд, се третирани како „новинари од втор ред“ во македонските медиуми кои можат лесно, преку ноќ, да бидат отпуштени без обештетување и без каква и да е законска, но и морална обврска од страна на медиумот за кој работеле со години.“, се вели во денешното соопштение на ССНМ.

Поврзани новости