На денешната владина седница беше усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба со која се уредува вршењето на дејноста интензивна нега и терапија на пациенти заболени од заразната болест коронавирус COVID-19 во мрежата на здравствени установи за време на траење на вонредна состојба од приватни здравствени установи кои не се во мрежата на здравствени установи.
Со измената и дополнувањето на Уредбата се овозможува вршење на услугата за детекција на коронавирус COVID-19 во микробиолошка лабораторија во мрежата на здравствени установи за време на траење на вонредна состојба и од приватни здравствени установи кои не се во мрежата на здравствени установи, со цел зголемување на капацитетите за давање на вакви услуги, во услови на донесена Одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба.